Претседателот на Алтернатива во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека како Албанци сакаат да им помогнат на нивните сограѓани Македонци.
Тој посочува дека како Албанци, така и како политичка партија од албанскиот блок, целосно ги поддржуваат Македонците во делот на заштита на нивниот идентитет, јазик и култура.
„Затоа се спремни да помогнат. Но, кога веќе власта не побарала никаква помош од нас, тоа го сметаме дека не сакаат да не вклучат во овој процес“, истакнува Гаши.
Гаши претходно посочи дека Власта воопшто не ги консултирала околу спорот со Бугарија, а побара и веднаш да се организира лидерска средба.
