По повод големиот христијански празник, Велигден, претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до сите граѓани од православна вероисповед.
„Искрени честитки со желби за добро здравје, мир, благосостојба и духовен спокој.
Велигден е празник што носи пораки на надеж, духовна обнова и зацврстување на вербата во доброто, човечноста и заедништвото. Во овие празнични денови, кога се слават љубовта, солидарноста и меѓусебната почит, уште еднаш се потврдува значењето на вредностите што нè поврзуваат како општество и нè упатуваат кон заеднички напредок.
Посакувам празничните денови да донесат радост во домовите, спокој во срцата и надеж за подобро утре. Нека Велигден биде поттик за уште поголемо разбирање, хуманост и почит меѓу сите граѓани.
Честит Велигден!“, напиша Гаши.
