Гебрејесус: Ова нема да биде последна пандемија, Светот мора да биде подготвен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Генералниот директор на СЗО Тедрос Адан Гебрејесус, изјави дека Светот мора да биде подобро подготвен за следна пандемија.

„Ова нема да биде последна пандемија“, рече Гебрејесус на брифинг во Женева, пренесува Ројтерс.

Истакна дека историјата не учи дека епидемиите и пандемиите се појавуваат во животот.

„Но, кога ќе дојде следната пандемија, Светот мора да биде подготвен. Подготвен подобро од овој пат“, рече Тедрос.