Генералниот секретар на ОН: Веќе сме во контакт со владата на Мјанмар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обединетите нации се мобилизираат во Југоисточна Азија за да им помогнат на погодените од земјотресот, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„Владата на Мјанмар побара меѓународна помош и нашиот тим во Мјанмар веќе е во контакт со нив за целосно да ги мобилизираме нашите ресурси во регионот и да обезбедиме поддршка за народот на Мјанмар“, рече Гутереш.

„Сепак, погодени се и други земји. Епицентарот е во Мјанмар, а Мјанмар е најслабата земја во оваа ситуација“, рече тој.