Герасимовски го почна новиот мандат со средба со противкандидатите од локалните избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски го почна новиот мандат од четири години во Општината со средба со противкандидатите за градоначалници, Билјана Ивановска и Марија Среброва. Кандидатот кој влезе во вториот круг Мирослав Лабудовиќ моралч да откаже поради работни обврски.

„Конструктивен и искрен разговор со моите противкандидатки од локалните избори, Билјана Ивановска и Марија Среброва. За жал, на мојата покана не се одзва Мирослав Лабудовиќ поради работни обврски. На средбата, на која присуствуваше и мојот тим, дискутиравме за сите важни теми и ги слушнавме идеите и предлозите на моите две противкандидатки во изборниот процес. Со оглед на нивните искуства, Среброва како советник во Советот на Општина Центар и Ивановска како поранешна претседателка на ДКСК, очекувам нивен придонес во развојот на нашата општина. Се надевам дека оваа отворена и искрена комуникација ќе продолжи и во иднина, со цел да создадеме заеднички решенија за подобар Центар“, напиша Герасимовски.