Германија го продолжи предупредувањето за своите граѓани кои планираат да патуваат во земји надвор од ЕУ за дополнителни две недели. Тоа предупредување беше до 31. август, а истото е продолжено до 14. септември.
На таа листа се наоѓаат над 200 земји, меѓу кои се наоѓа и Северна Македонија. Граѓаните немаат забрана за патување, но предупредувања за почитување на мерките, и минимализирање на контактите.
Овие предупредувања не важат за земјите од ЕУ и оние од шенген зоната.
Германија денеска исто така донесе одлука за укинување на ПЦР тестирање на нивните граѓани кои ќе се враќаат од ризичните земји.
