Германија го укинува брзото добивање на државјанство и програмата за семејно обединување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Германската влада планира следната недела да спроведе коалициски договор за дополнително заострување на законите за имиграција, што вклучува укинување на забрзаната постапка за стекнување германско државјанство и запирање на семејното обединување за лица со супсидијарна заштита.

„Досега, до 1.000 луѓе месечно можеа да имигрираат во Германија како дел од програмата за повторно обединување на семејствата. Сега тоа е крај“, рече министерот за внатрешни работи Александар Добринд од ЦСУ во интервју за дневниот весник „Билд“.

Тој објасни дека на состанокот на кабинетот оваа среда, владата ќе ги усвои измените на законот што беа договорени во коалицискиот договор на новата христијанско-демократска влада, а кои се однесуваат на запирање на програмата за семејно обединување и укинување на забрзаното стекнување државјанство.

Отсега луѓето кои уживаат во таканеречената супсидијарна заштита, веќе нема да можат во Германија да ги носат членовите на нивните семејства. Станува збор за лида на кои не им е доделен азил, но се протеруваат поради тоа што во земјата на потекло им се заканува прогон или им е загрозен животот. Со прекинување на опасноста во земјата на потекло, на пример после завршување на војна, престанува да вреди и супсидијарната заштита.

Мерката на укинување на обединување на семејството засега се воведува на двегодини.

Исто така се укинува и неодамна донесениот закон за забрзано стекнување на германско државјанство после само три години престој во Германија.

„Ние мораме да ги укинуваме факторите кои ги привлекуваат бегалците во Германија. И со тоа покажуваме дека миграциската политика се менува“, рече Добринд.