Германија голем фаворит против Курасао, Холандија пред тежок испит против Јапонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва се играат два натпревари од групната фаза на Светското првенство. Полноќните натпревари донесоа многу возбудувања, во кои Бразил и Мароко одиграа нерешено 1:1, Шкотска со минимални 1-0 ја совлада селекцијата на Хаити, а Австралија ја изненади Турција и ја победи со 2-0.

Германија и Холандија вечерва го стартуваат патот кон успех на Мундијалот. Германија игра против селекцијата на Курасао, и важи за голем фаворит за победа, додека Холандија против себе ќе има потежок испит, и ќе ги одмери силите против Јапонија.

После полноќ во 01:00 часот Брегот на Слонова Коска го очекува меч против Еквадор, а во четири наутро Шведска игра против Тунис.