Германија во загубa од 250 милијарди евра поради короната, банкротирале 16 илјади фирми во 2020 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пандемијата на коронавирусот, Германија ќе ја чини добри 50 милијарди евра, и тоа само во првиот квартал од 2021 година.

Вкупната штета се проценува дека ќе биде пет пати поголема, односно дека досега државата ја чини 250 милијарди евра, пресметал Институтот на германското стопанство од Келн, точно една година откако почна првиот локдаун на 14 март.

Досега повеќе од 16 илјади компании прогласиле банкрот, а тука се уште 5.000 т.н. „зомби-компании“, односно без шанси да преживеат.

Затворени продавници, пореметени ланци за дистрибуција, милиони луѓе со скратена работа, пандемијата до темел ги потресе скоро сите подрачја околу економијата, а посебно долготрајните локдауни имаа негативно влијание на фирмите.

Во првиот квартал од минатата година, БДП на германија паднал благо, а потоа следувал шок во вториот квартал. Се прогнозирал дека без короната би бил околу 850 милијарди евра, а тој всушност бил 100 милијарди помалку.

Во летните месеци нешто подобра ситуација, но повторно се забележани загуби.

Во 2020 година околу 16.300 фирми банкротирала, а на таа бројка треба да се додадат и овие 5.000 кои сигурно ќе пропаднат, но се стравува дека бројката ќе биде повисока.