Германија за првпат тестираше балистичка ракета

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Германскиот Бундесвер во ноќта меѓу вторникот и средата успешно ја тестираше израелската балистичка ракета „ЛОРА“, соопшти германското Министерство за одбрана.

Ракетата ја произведува израелската компанија „Израел Аероспејс Индaстрис“ (IAI), а нејзиниот дострел е до околу 430 километри. Тестирањето било изведено во северниот дел на Атлантскиот Океан.

Доколку Берлин донесе одлука да го набави овој систем, „ЛОРА“ би станала првата балистичка ракета во вооружувањето на германските оружени сили, пренесува „Дојче веле“.