Германскиот голман веќе си уплатил одмор, па доби повик да игра на Европско првенство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Необична приказна доаѓа од Германија. Вчера селекторот на фудбалската репрезентација на оваа земја го објави списокот за патници на Европското првенство кое ќе се одржи токму во Германија, а еден од голманите беше Александар Нубел.

Голманот на Баерн Минхен, кој настапува во Штутгарт како позајмен, не очекувал никакви ангажмани во текот на летото, па си уплатил одмор во Танзанија на сафари, кога дознал дека ќе се бори за место на Европското првенство. Веднаш го откажал аранжамнот.

„Навистина, неочкувани вести за мене. Веќе си уплатив одмор, сакав да одам во Танзанија на сафари. Но, со задоволство ќе го откажам“, изјави Нубел.

Чуварот на мрежата е еден од четирите голмани кои беа повикани за Германија за престјното ЕВРО 2024. Битката за прв голман дефинитивно ќе се води помеѓу Мануел Ноер и Марк-Андре Тер Штеген.