Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска е во Киев на разговори со украинската влада, посета која претходно не беше најавена од безбедносни причини.
По неговото пристигнување, Писториус рече дека сака да разговара за понатамошната помош и да добие увид во воената ситуација.
„За мене е важно да покажам со ова патување дека продолжуваме активно да ја поддржуваме Украина“, изјави Писториус за ДПА во Киев.
„Тоа е сигнал дека Германија, како најголема земја на НАТО во Европа, стои до Украина“, рече тој.
