Германските лекари по интензивна нега денеска предупредија дека потребно е „итно враќање“ на делумниот карантин во земјата со цел дасе избегне третиор опасен бран од пандемијата со Ковид-19.
– Од податоците со кои располагамеи ширењето на британската мутација на вирусот, итно треба да се вратиме на карантинот со цел да избегнеме силен трет бран, изјави директорот на Германскиот регистар за интензивна нега, Кристијан Карагинидис.
Во Германија забележан пораст на бројот на новозаболени лица со Ковид-19 по постепеното укиунување на рестриктивните мерки од крајот на февруари, при што бепе дозволено отворање на училиштата, фризерниците и другите деловни активности.
