Ги зел сливите и 5 години не ги платил, 48-годишник заврши со кривична пријава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Договорот за продажба на сливи завршил со кривична пријава, неколку години по настанот, пренесува ТВ21.

Според полицијата, во јули 2021 година, 48-годишен жител на Штип од едно лице зел 2,580 тони сливи, но не го платил договорениот износ. Поради неплаќањето, тој е осомничен дека предизвикал штета од 50.000 денари и се стекнал со противправна имотна корист.

“Секторот за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи во Делчево поднесе кривична пријава против Ј.Т. (48) од Штип, поради основано сомнение дека сторил кривично дело ‘измама’. Во јули 2021 година, пријавениот измамил едно лице, од кое обезбедил 2.580 тони сливи, кои до моментот на поднесување на пријавата не ги платил. На тој начин, тој се стекнал со противправна имотна корист од 50.000 денари“, соопштија од МВР