Само еден ученик ги исполнил условите за запишување во гимназијата „7 Март“ во Тетово, иако бројот на апликанти бил поголем. Има места за 242 ученици во осум паралелки, додека директорот на гимназијата очекува бројката да се пополни во следните рокови.
-Во првиот рок за уписи, кој опфаќаше два термина во јуни, на почетокот се пријавија 14 ученици, од кои само еден ги исполни критериумите за прием во нашата гимназија, што значи имаше над 60 поени, другите беа одбиени. И сега, во втората апликација од истиот рок има поголем број заинтересирани, но сè уште немаме информации за нивните поени. Вкупно има 242 места во осумте паралелки што се предвидени, а засега е примен само еден ученик. Сега очекуваме 10 или 12 да бидат примени, бидејќи во првиот рок немаше намалување на поените, изјави Исмаил Влаши, директор на СОУ „7 Март“.
За разлика, во средното медицинско училиште велат дека досега се примени 403 ученици кои имале над 70 поени и продолжуваат да примаат ученици со максимални поени.
-Во првиот рок примивме 403 ученици. Насоката за медицинска сестра и козметика е затворена со апликациите, додека има слободни места во насоките за техничар, фармација, физиотерапија, забен техничар, стоматолошки асистент и лаборант. И во овој рок има голем интерес од ученици кои имаат и над 70 поени, бидејќи и понатаму сме училиште што бара највисоки поени, но тоа не значи дека нема интерес и од тие што не ги исполнуваат условите, изјави Малесоре Рамадани, директорка на СОУ „Никола Штејн“.
Голем интерес има и во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Директорите апелираат училиштата да не ги намалуваат потребните поени за да се пополнат класовите. Се очекува бројот на ученици оваа година да биде за 300 поголем од лани.
