Без проблеми и со почитување на мерките против Ковид-19 се одржа гласачкиот процес во општина Липково и во Куманово. Вака оценуваат претседателите и членовите на изборните одбори на повеќе гласачки места.
-Колку гласачи имате на вашето гласачко место?
„542 гласачи. Се трудиме максимално да ги почитуваме правилата бидејќи пред се е нашето здравје, можеби затоа имаме мал број на гласачи“, истакна Дамир Мустафа.
„Се почитуваат правилата, се држи дистанца, нема некој проблем“, посочи Љулјета Асани.
„Немаме приговори, се почитуваат сите преземени мерки предвидени за оваа ситуација“, додаде Африм Ќерими.
„Досега се е во ред со изборниот процес. Се почитуваат правилата на протоколот. Граѓаните кои немаат маска им даваме за да не се случи некој поради тоа да не може да гласа“, вели Башким Адеми.
„Пред се ги почитуваат правилата и дистанцата, маска, дезинфекција и комисијата навреме ги создаде условите за гласање“, рече Рамадан Алиу.
И жителите на селата од општина Липково велат дека процесот се одвива со почитување на мерките за заштита од вирусот. Тие се надеваат дека по овие избори, за земјата и нивната општина ќе биде подобро.
Граѓанин: Се надеваме да биде подобро и ништо друго. Се надеваме изборите да поминат добро, ништо друго, што да чекаме.
– Дали беше се во ред?
Граѓанин: Сите беа со маски, се надеваме да биде добро. Очекуваме да биде подобро.
Граѓанин: Се помина многу добро, се е во ред.
Граѓанин: Очекуваме да биде подобро. Мислам дека ќе биде подобро за младите и 2020.
Граѓанин: Верувам дека ќе биде подобро во иднина и да видиме како ќе се одвиваат работите.
Инаку општина Липково брои 25666 гласачи, а општина Куманово 93603 гласачи заведени во листата на ДИК.
