Гласањето во Кичево без големи проблеми – работата ја забавува биометрискиот систем за идентификација

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во Кичево гласачките места се отворија точно во 7 часот. Во утринските часови одѕивот на гласачите беше низок. До 11 часот во овој град гласале само 3.42%, но во попладневните часови процентот е зголемен. Проблеми настанале со биометрискиот уред за гласање кој не ги препознал отпечатоците на многу гласачи, па затоа претседателите на избирачките одбори беа принудени да ги најдат преку матичниот број.

„Да, што се однесува до фингерпринтот малку е проблем, некои ги препознава, некои не. Но, како и да е, процесот тече“, истакна претседател на избирачки одбор во Кичево.

„Сѐ се одбиваше во најдобар ред до моментот кога почнавме со фингерпринт апаратот. Имаме потешкотии бидејќи не функционира“, додава истакна претседател на избирачки одбор во Кичево. .

„Одзема малку повеќе време, но досега сѐ беше во ред. Нема проблеми“, вели претседател на избирачки одбор во Зајас.

Овој гласач откако го искористи своето гласачко право, побара идниот градоначалник на Кичево да работи повеќе.

„Да работат, да прават улици, да ги вработуваат луѓето кои се без работа“, истакна гласач.

Претседателката на Општинската комисија рече дека до 13 часот одѕивот на гласачите бил 10%, додавајќи дека не наишле на други проблеми, освен успорениот систем за биометриско гласање.  

„Досега сѐ течеше во најдобар ред, само имавме проблем со апаратите кои не работеа како што треба. Досега гласаа 4.600 избирачи, односно 10%“, истакна Афије Јонузи.

Гласачките места се затвораат во 19 часот, а екипата на ТВ21 останува на терен за да известува за резултатите од гласањето.