Под мотото „гласни и горди“, оваа година во Скопје по четврти пат ќе се одржи парадата на гордоста организиран од националната мрежа против хомофобијата и трансфобијата. Парадата ќе се одржи на 24 јуни со почеток во 17:00 часот кај Жена парк пред Собранието. Одборот на Скопје Прајд се жали дека се соочуваат со силна негативна мобилизација против нив, особено од верски лидери и конзервативните политичари.
Ангел Димитриевски од Скопје Прајд вели дека лицата од ЛГБТИ заедницата заминуваат од земјата поради тоа што не се сигурни по нивниот живот и не можат да бидат себеси.
Од Скопје Прајд се свесни за опасноста од инциденти за време на маршот, но комуникацијата со надлежните безбедносни органи им го олеснува товарот дека се ќе помине во најдобар ред.
Парадата почнува од Жена парк во Центар, продолжува кон Влада, за да продолжи до стадионот на АРМ каде ќе има музичка програма.
