Глобалните промени бараат реформи во образованието – фокус во дигиталните вештини и зелената агенда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, вели дека младите треба да бидат свесни за иднината бидејќи светот се менува, а начинот на учење треба да биде постојан.

Но што треба да направиме за подобрување на образовниот систем.

Арбен Јусуфи, извршен директор и коосновач на Институтот Леорон, рече дека за неколку години компаниите ќе имаат потреба од вработени со нови современи вештини.

-Ние мора да почнеме да дизајнираме долгорочна стратегија, особено сега со трансформацијата што ја носи вештачката интелигенција. Мора да почнеме да го градиме јавното образование со имајќи ја на ум последната игра и последната игра е тоа дека за 5 до 10 години сите ние, Алкалоид, Леорон или која било компанија тука, ќе имаме целосно поинакви потреби за работници, од аспект на вештини, компетенции и познавања од областа на вештачката интелигенција, изјави Арбен Јусуфи, извршен директор и коосновач на Институтот Леорон.

Дискусиите на тема „Образование на иднината: Градење лидери, мислители и иноватори“ се одржаа во рамки на 14-тиот самит „Македонија 2025“.