Глувци слободно шетаат во ОУ „Панајот Гиновски“ – некои ученици дома, некои во училница, директорката молчи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Глувци шетаат низ просториите на ОУ „Панајот Гиновски“, општина Бутел, Скопје. Повеќето од засегнатите родители го пријавиле случајот на ТВ21 и велат дека одлучиле да не ги носат децата на училиште. Нашиот тим го посети училиштето за да види дали се одвива процесот на настава. Таму се сретнавме со некои родители кои на повик на наставниците дојдоа да си ги земат децата.

Денеска нема настава?

„Не немало“.

Зошто?

„Не знам, вчера виделе глувци и фрлиле отров, не знам…се дознава што е фрлено тука и гледам дека некои не дошле“.

Денеска не сте на училиште?

„Не бидејќи најдоа глувци“.

Што има?

„Глувци“.

Виде ти некој глушец?

„Не, не“.

За оваа сериозна состојба директорката на училиштето, Благородна Сотиров и по неколку наши повици и пораки, избра да молчи. На нашиот тим не му беше дозволено да влезе внатре, ниту да направи снимки од училиштето.

„Што се случи во О.У „Панајот Гиновски“ во општина Бутел? Тв21 се обиде да влезе внатре и да види дали се одвива настава и да ја види состојбата, поради вознемирувачките снимки со глувци, но вработените тука не ни дозволија да влеземе внатре ниту пака да снимаме“, вели репортерката на ТВ21.

Со оглед на тоа дека директорката не се произнесе, го побаравме градоначалникот Дарко Костовски. Изјави дека утре ќе се врши дезинфекција на објектот и учениците ќе можат да се вратат на настава.

Овој настан предизвика дискусии околу менаџирањето на хигиенските услови во ова училиште. Родителите кои го пријавија случајот се пожалија за ниското ниво на хигиена во ова училиште.