Го оставил возилото во перална во Тетово, а потоа забележал дека му е украдена торба со пари!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 12.03.2026 во  21:20 часот во СВР Тетово, 38-годишен маж од тетовско, пријави дека го оставил своето возило во перална за автомобили, а откако го зел возилото забележал дека од него му била украдена торба во која имало пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.