Го спроведуваат ли институциите албанскиот јазик? „Има институции со кои раководат Албанци, а не го спроведуваат“, вели Села

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во синоќешното издание на емисијата „ЕУ Клик“, директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците, рече дека има институции на чие чело се Албанци кои не го спроведуваат албанскиот јазик.

Но, кои беа обврските кои им ги даваше агенцијата на институциите?

Основањето на оваа институција наиде и на бројни предизвици, објаснува Села. 

Во Агенцијата пред неколку дена беше промовиран Прирачник за административни службеници, во врска со спроведување на Законот за употреба на јазиците. Во изготвувањето на Прирачникот учествувале лингвисти, наставници, научни работници од земјава и странство, со цел оваа алатка да им послужи на административците во нивната секојдневна работа.