На Клиниката за пулмологија во Скопје, пациент кој се лекувал со помош на кислород ја извадил маската и запалил цигара. Поради присуство на кислород, во просторијата се проширил пожар при што пациентот се здобил со полесни изгореници на лицето и градниот кош.
Дежурниот медицински персонал брзо реагирал и го прекинале снабдувањето со кислород, со што е спречена поголема експлозија. Запрашан за синоќешниот случај, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека сите треба да бидеме одговорни.
Иако во просторијата имало и други пациенти кои се лекувале, пожарот не зафатил други лица, а оштетен мал дел од подот на болничката соба.
Случајот е пријавен во полиција од страна на Клиниката, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот не е во животна опасност.
