Кичевското село Белица се наоѓа на 20 км од градот. Има околу 150 куќи, но постојаните жители овде живеат 20 до 30 години. Селото заживува од пролет до есен а за да го задржат ваквиот тренд, жителите со самоиницијатива, донации од дијаспората и домашни компании, се ангажираат за реновирање на селото, улиците, црквата, амфитеатарот и куќите.
Овој објект некогаш бил учили8ште каде учеле околу 200 деца, но денес нема ниедно, затоа жителите со самоиницијатива одлучиле да го претворат овој објект во зграда каде ќе се одржуваат разни активности.
Тие формирале и здружение преку кое конкурираат со разни објекти за зеленило во селото и обновливи извори на енергија.
Жителите велат дека во ова село веќе и странци почнале да купуваат земјиште за градење куќи. Секоја година се одржуваат средби со жителите на Белица со песни, ора и музика.
