Годишната инфлација во Еврозоната во април потврдена на 2,2 проценти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Годишната инфлација во Еврозоната за април изнесува 2,2 проценти, што е исто како и во март и е во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави денес Евростат.

Во секторот на услуги во еврозоната е забележана инфлација од 1,8 проценти, храната, алкохолот и тутунот се зголемија за 0,57 проценти, индустриските стоки освен енергијата за 0,15 проценти, додека цените на енергијата се намалија за 0,35 проценти.

Во април, најниска годишна инфлација е забележана во Франција од 0,9 проценти, на Кипар од 1,4 проценти и во Данска од 1,5 проценти, а највисока во Романија од 4,9 проценти, Естонија од 4,4 проценти и Унгарија од 4,2 проценти.