На 29 март 2010 година во Москва се случи терористички напад. Во два самоубиствени напади во московоското метро, загинаа 40 лица, а најмалку 100 беа повредени.
Чеченските сепаратисти ја презеле одговорноста за бомбашките напади во московското метро.
Нападите се случиле во две одделни станици: на Лубјанка и Парк на Културата. Во Лубјанка загинале 26, на „паркот на културата“ 14 лица.
Истрагата покажала дека нападите ги извршиле две млади жени – на 18 и 20 години. Полицијата уапсила уште неколку лица кои исто така планирале напади на уште неколку станици во метрото и така веројатно спречиле повеќе напади и жртви.
