Ѓоковиќ дисквалификуван на УС Опен поради удар со топче на линиски судија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ службено го загуби мечот од осминафиналето на УС Опен. Тој беше казнет затоа што со топче удри една од линиските судии.

И покрај извинувањето поради несмасниот потег, Ѓоковиќ беше драстично казнет од службените лица на Грен слемот во Њујорк.

Во моментот на инцидентот, се играше првиот сет и резултатот беше 6:5 за Карено-Буста.

Шпанецот се пласираше во четвртфиналето каде ќе се сретне со победникот од мечот Денис Шаповалов (Канада) – Давид Гофин (Белгија).