Стотици туристи и жители се евакуирани од малото туристичко место Сивири, кое се наоѓа на првиот крак на Халкидики во Грција. Големиот пожар зафати површина од околу 350 хектари, а биле опожарени неколку објекти. Дел беа евакуирани по копнен пат, а дел преку море.
„Веќе е до нас (пожарот). Од секаде сме затворени…Еве што се случува…“
Како што информираше Министерството за надворешни работи и трговија пет семејства побарале помош и асистенција за евакуација од областите зафатени со пожари во Грција. Како што велат од таму, тие биле преместени на безбедни точки одредени од грчките власти.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија објавија и телефонски броеви и електронски адреси на кои македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја можат да побараат помош.
ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ НА МНРиНТ:
+389 75 268 736
Дежурните телефонски броеви на Конзулатот Солун:
+30 694 526 8068** и +389 71 323 001
globalsos@mfa.gov.mk
mailto:globalsos@mfa.gov.mk
МНР воедно апелираше до туристите од Македонија, при вакви ситуации внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти. Инаку, состојбата со пожарот во текот на денешниот ден е стабилизирана. Огнената стихија е локализирана, наместа има само мали жаришта кои се контролираат. Во текот на денешниот ден се очекуваше и постепено враќање на жителите од Сивири, а потоа и туристите. Сивири е мало приморско место, со нешто помалку од 300 жители, но во текот на летото ова бројка значително се зголемува, со оглед на тоа што е популарна дестинација за македонски, српски туристи, како и посетители пошироко од Балканот, но и многу Грци имаат викендички.
