Во голем пожар во станбена зграда во Бронкс, Њујорк денеска загинаа 19 лица, изјави градоначалникот Ерик Адамс за Си-Ен-Ен.
Според него, девет од нив се деца.
Вкупно 64 лица се повредени, додека пак 32 од нив се здобиле со повреди опасни по живот, јавија американски медиуми.
„Ова е ужасен, ужасен, болен момент за градот Њујорк, а влијанието на овој пожар навистина ќе донесе ниво на праведна болка и очај во нашиот град“, рече Адамс.
Околу 200 членови на пожарникарската служба на Њујорк беа на местото на пожарот во 19-катната станбена зграда на улица 333 East 181.
Пожарот започна малку пред 11 часот во дуплекс стан на 2-ри и 3-ти кат од зградата и веќе е локализиран, соопшти FDNY.
Градоначалникот вели дека повеќето од жртвите починале од срцев удар и биле пронајдени на скалите од секој кат на зградата.
FDNY објави и неколку фотографии од местото на настанот, на кои се прикажани скали кои се протегаат до прозорците на станот, како и голем број скршени прозорци.
