Голем пожар во Вашингтон – уништени куќи, евакуирани 1.500 луѓе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 1.500 луѓе беа евакуирани во државата Вашингтон на северозападниот дел од САД во голем пожар кој досега уништи најмалку 15 куќи.

Според американската шумска служба, пожарот изгорел површина од околу 90 хектари.

Ситуацијата е дополнително влошена од силните ветрови, објавува NBC News, додавајќи дека досега се локализирани 10 проценти од пожарите.