Голем руски напад на украинските електрани во дел од земјата, најмалку еден милион луѓе останаа без струја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Русија изврши голем ракетен напад врз енергетската инфраструктура на Украина.

Најмалку еден милион луѓе останаа без струја низ Украина по големиот руски ракетен напад во текот на ноќта врз енергетската инфраструктура на земјата.

Ројтерс јавува дека три региони на запад се погодени од прекини на електрична енергија. Максим Козицки, гувернер на западниот регион на Украина, пријави напади врз енергетската инфраструктура таму и рече дека повеќе од половина милион луѓе во регионот се без струја. Проектили беа откриени во текот на ноќта кон Харков, Одеса и осум други региони.

Остатоци од проектили биле пријавени на две локации во Киев, но локалните власти тврдат дека противвоздушната одбрана ги пресретнала сите проектили истрелани кон главниот град. Градоначалникот Виталиј Кличко пријавил материјална штета, но нема жртви.