Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека припадниците на Министерството за внатрешни работи извршиле претрес на Дрина во областа Љубовија каде што бродот со мигранти се превртел, каде било пронајдено и тело на бебе, додека полицијата на Република Српска извлекла тело на уште едно машко лице.
– При претресот на теренот, кој од синоќа интензивно се одвива, припадниците на МВР пронајдоа безживотно тело на деветмесечно бебе во градот Лоњин низводно од Дрина, во близина на брегот денеска околу 15.30 часот. Таа е, за жал, десеттата жртва на превртувањето на чамец со мигранти кои се обиделе да ја преминат оваа река од Србија меѓу градот Дрлача кај Љубовија и Орлица во општина Зворник-изјави Дачиќ.
Бебето било со мајката чие тело рано денеска беше извлечено од реката.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Србија досега извлекле тела на шест мажи, жени и бебиња, додека припадниците на полицијата на Република Српска пронашле тела на двајца мажи.
