Хрватските пожарникари се уште се борат со пожарот кој утринава избувна кај Скрадин и зафати околу 500 хектари ниска вегетација и борова шума. Најтешка е состојбата на делницата Рупа – Пластово, а постои можност пожарот да се прошири во правец на Дубравица и Националниот парк Крка. Вечерта, по наредба на главниот началник на пожарникарите, карловачките пожарникари се упатиле кон подрачјето на Дубравица.
Голем пожар имаше синоќа во Тучепи, каде што оганот се закануваше да ги зафати и куќите. Се слушаа и детонации, наредена беше итна евакуација.
Поради големите пожари во Далмација, побарана е помош, па таму се упатија пожарникари од Загреб и од другите делови на Хрватска.
