Ѓорчев: Нема никакви шанси Бугарија да отстапи од своите црвени линии до одржувањето на Советот на Европа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неполни три недели до одржувањето на Советот на Европа на кој Северна Македонија ќе добие одговор на прашањето кое минатата година требаше да биде решено, а тоа е почеток на преговори со Европската унија. Но, поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија Марјан Ѓорчев во интервју за ТВ21 е песимист.

„Од мој агол на гледање со оглед дека во Бугарија во моментов има техничка Влада која што ја состави претседателот Румен Радев со ингеренции исклучиво да организира избори на 11-ти јуни и во тој контекст ценам дека нека никакви шанси Република Бугарија да отстапи од своите црвени линии, односно она што беше декларација во Собранието во 2018 година, како и декларацијата за јазикот во 2019 година, како и старословенското писмо за старо бугарско писмо донесено во 2020 година“, изјави во емисијата „10 минути“ на ТВ21, Марјан Ѓорчев – поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија.

Тој додава дека во септември по формирањето на новата Влада би можеле да очекуваме нови поместувања во Бугарија за како што велат тие „македонското прашање“.