Гореше мостот „Беласица“ во близина на „Ист Гејт“ – Ангелов: Се сомневаме дека причина е човечки фактор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доцна синоќа, мостот „Беласица“ во пламен.

Пожарот го зафатил долниот дел од мостот, во близина на трговскиот центар „Ист Гејт Мол“.

Изгореле повеќе електрични инсталации и грејни цевки, а материјалната штета не е мала.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангеллов најави дека причина за пожарот најверојатно е човечки фактор, бидејќи таму престојувале бездомници.

Ангелов вели дека од безбедносни причини мостот ќе биде затворен за автомобили и за пешаци, додека не се проверат сите оштетувања и не се утврди дали има услови да се санира или треба целосно да се урне.

Од МВР засега само потврдија дека имало пожар, но не соопштуваат детали за причините. Во текот на ноќта на терен излегле 21 пожарникар со вкупно 8 противпожарни возила. Пожарот избувнал во 23 часот и 57 минути, а целосно бил изгаснат во 04 часот.