Ѓорѓиевски: 456 онколошки пациенти ќе добијат финансиска помош од Град Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека во текот на наредните два дена 456 онколошки пациенти кои аплицирале за еднократна финансиска помош ќе ги добијат средствата на своите сметки.

Според него, вкупно 1.200 пациенти поднеле барање за оваа поддршка. Нивната документација е во фаза на разгледување, а исплатата за сите апликанти се очекува да заврши во текот на следната недела.

„Утре и во текот на наредниот ден, 456 онколошки пациенти кои аплицираа за еднократна парична помош ќе ги добијат средствата на своите сметки. Вкупно 1.200 пациенти побараа помош. Нивната документација се обработува со максимална посветеност и одговорност, а исплатата за сите кои аплицираа ќе биде завршена во текот на наредната недела“, соопшти Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.