Ѓорѓиевски: Снегот не нè изненади – се пофали дека градските служби од утрово биле на терен!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Соочен со зимските услови и интензивните снежни врнежи, Град Скопје навремено ги активираше сите расположливи капацитети за да обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот на градските улици и булевари.

Екипите на Град Скопје уште од раните утрински часови се постојано на терен, каде што со целосна механизација интензивно се работи на расчистување и одржување на сообраќајниците што се под надлежност на градот. Активностите се одвиваат непрекинато, со 24-часовна координација преку активираниот кризен штаб.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи порача дека снегот не претставува изненадување во зимски услови и дека подготвеноста на институциите е обврска кон граѓаните. Тој истакна дека службите континуирано ја следат состојбата на терен и навремено реагираат на сите критични точки.

„Безбедноста на граѓаните е наш приоритет“, нагласи Ѓорѓиевски, апелирајќи до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја прилагодат брзината на условите на патот.

Од Град Скопје порачуваат дека со одговорност, навремена акција и заедничка грижа, градот ќе обезбеди безбедно движење и во текот на зимскиот период.