Гаши ќе учествува на Парламентарниот самит на ПС на НАТО во Истанбул

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска и утре ќе престојува во Истанбул, каде ќе учествува на Парламентарниот самит на Парламентарното собрание на НАТО. На собирот, на кој ќе присуствуваат претседатели на парламенти и шефови на парламентарни делегации од земјите-членки на Алијансата, Гаши ќе има и свое обраќање.

Самитот на Парламентарното собрание на НАТО се одржува на 28 и 29 јуни во Истанбул, Република Турција, како вовед во претстојниот Самит на НАТО што наскоро ќе се одржи во Анкара.

Во делегацијата предводена од Гаши се и пратеникот Драган Ковачки, кој е шеф на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на НАТО, како и заменик генералниот секретар на Собранието, Ибуш Јусуфи.

На Самитот се очекува да учествуваат претседатели на парламенти од земјите членки на НАТО, како и шефови на националните парламентарни делегации во Парламентарното собрание на Алијансата.

Воведни обраќања ќе имаат претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Нуман Куртулмуш, претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Маркос Перестрело, како и заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска.