Гостиварско Чајле празно, по пат ќе сретнете само стари лица, младите заминале на печалба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иселувањето и миграцијата на младите стануваат најголема „болка“ за Полошкиот регион! Се поголем број на млади го напуштаат родниот крај. Ниту селото Чајле, Гостивар, не е исклучок. Според претседателот на месната заедница, Синан Елези, во овој период од годината поголемиот дел од 1.050 куќи во селото се празни, а останале само постарите.

„Само ново Чајле има 850 куќи и заедно со старото Чајле се вкупно 1050 куќи. Според жителите кои овде живеат 90% се во странство, овде има само пензионери, но и тие одат на печалба бидејќи таму им се децата и нема кој да се грижи за нив, така ги оставаат куќите празни. Навистина емиграцијата во Чајле е многу голема.“ вели Елези.

Жителите велат дека во селото останале само постарите, а младите заминуваат поради недостигот на работа.

„Останаа многу малку млади, можеш на прсти да ги избориш, отидоа, ги избркаа од овде. Во село останаа само стари лица, по 1 или 2 лица во една куќа, кога се двајца добро но тие што се сами што да им правиш“.
Зошто заминуваат младите?
„Нема работа, сите се вработуваат партиски, ги вработуваат, ги бркаат од работа, а треба да се храни семејството. Кој би сакал да замине 2000 километри далеку“.

Училиштата имаат многу малку ученици, а причина за тоа се родителите кои заминуваат на печалба и ги земаат и нивните деца бидејќи немаат каде да ги оставаат. И јас заминав пред 50 години во Америка, тогаш немавме многу.

Посетивме неколку маала во селото. Куќите беа затворени а улиците празни.

„Ова е едно од маалата во село Чајле, општина Гостивар. Од снимките може да се види дека маалото е празно.“, јавува репортерот на ТВ21.

Истражувањето направено од професорот Башким Селмани за причините за заминувањето на младите покажува дека немањето работа и финансиската криза ги уништува и семејствата, оздава расправии. Врз основа на истражувањето, оние кои не ја напуштиле државата имаат кредити кои треба да ги платат.

„Од анкетата на 300 испитаници, беше констатирано дека секој трет е подготвен да ја напушти татковината, Република Северна Македонија и тоа е исклучително голема бројка. Тие што се во институции се принудени или имаат обврски за кредит, само тие не заминуваат, останатите се спремни да ја напуштат Македонија, ова е масовно иселување.“, изјави Башким Селмани.

ТВ 21 пред неколку недели објави податоци дека во Тетово само во првите 4 месеци од 2022 годината, 201 ученик, од средно и основно училиште земале потврда за да се преселат во странство. Од друга страна податоците покажуваат дека многу фирми имаат недостиг од квалификуван кадар и работна сила.