Говор на омраза на интернет – Пендаровски: Спречувањето на дискриминаторски зборови е суштинско

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Кој и да се крие зад тастатурата треба да биде свесен дека е одговорен за тоа што се кажува или пишува“, рече претседателот Стево Пендаровски на јавната дебата на тема “Дискриминирачки говор во дигитални медиуми“, организирана од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Институтот за добро владеење и Евроатлантска перспектива.

Пендаровски исто така рече дека е убеден дека соработката и заедничките дејствија во општеството ќе ја победат дискриминацијата на интернет но и во јавниот живот воопшто.