Град Скопје: По осум години конечно ослободена патеката кај новиот пешачки мост во Центар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бројот на жртвите од земјотресот во Индонезија се искачи на 82

Индонезиските спасувачи извлекоа повеќе тела од урнатините на куќите и зградите уништени од силниот земјотрес денес, а бројот на...

Руски брод потона кај Турција: Двајца загинаа, 5 спасени морнари! (ВИДЕО)

Најмалку пет лица беа спасени, а две загинаа откако 13-член руски товарен брод потона денес покрај брегот на турската...

Хорор во Крапош: Ја заклучувал малолетната ќерка – МВР упадна во станот

На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен...

Тешка кражба во скопски трговски центар – МВР приведе две лица

На 16.01.2021 во 14.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода две малолетни лица...

На тетовскиот пазар најдена голема сума на пари – „Пронаоѓачот ќе ги врати само на сопственикот кој ќе каже точно колку пари загубил“

На социјалните мрежи се појави статус со кој се бара лицето кое на тетовскиот пазар загубил голема количина на...

Екипите на Град Скопје почнаа да го расчистуваат кејот на реката Вардар околу новиот пешачки мост кај зградата на Македонскиот народен театар.

Овој дел од кејот скоро 8 години не беше прооден за пешаци и за велосипедисти поради градежните работи и натрупаниот градежен материјал поради изградбата на „Панорамското тркало“. Изградбата на мостот е готова, „Панорамско тркало“ нема, а сега се работи на конечно ослободување и на оваа делница од кејот, за граѓаните да можат непречено да ја користат.

Од овој потег досега се подигнати 27 кубни метри градежен материјал. Чистењето ќе продолжи и во наредните денови.

Значајно е да се нагласи дека активностите на Град Скопје за чистење на кејот на реката Вардар продолжуваат и оваа година. Се расчистуваат и уредуваат пешачките патеки, се чистат калдрмата, каменот и коритото на реката.

Дополнително, се корнат гранки, треви и грмушки со кои се обраснати делови од кејот, се кастрат дрвјата, се уредува зеленилото и се чисти ѓубрето.