Град Скопје со максимална казна до општината Кисела Вода за исеченото дрво на булеварот „Борис Трајковски“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Инспекторатот на Град Скопје, денеска на општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот Борис Трајковски. Дрвото е исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје.

Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира, велат од Град Скопје.

Вчера беше исечено дрво пред билборд, а на прашање зошто се сече дрвото, одговорот беше „да се гледа билбордот“.