Градинка со отворени врати за децата на иселениците – „Нашите деца треба да се запознаат со културата на земјата“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во општина Кичево годинава за прв пат се отвора дневен центар за децата на иселениците за периодот додека се во родниот крај.

Ова дојде како идеја со цел да се зближат и дружат со своите врсници кои престојуваат во оваа градинка.

Возрасните групи од 4 до 6 години ќе имаат можност да следат настава на албански јазик за периодот додека  престојуваат во градинката во Кичево.

„Дневниот престој ќе биде до 16:30 часот, ќе учат на албански јазик, ќе вршат активности како и сите други деца. Ќе бидат заедно, нема да се делат во друга, ќе биде хомогена група од 4 до 6 години. Ги отвораме вратите за иселениците не само да бидат заедно на забави, на улица или на семејни свадби, туку и да бидат заедно на институционален начин затоа што придонесуваат за оваа земја“, вели Садик Ахмети.

Родителите иселеници ја поздравуваат оваа иницијатива и велат дека активности од ваков тип треба да се организираат секогаш кога ќе дојдат во татковината.

„Се надеваме дека во иднина ќе има повеќе вакви активности, бидејќи децата на иселениците треба да ја запознаат традицијата и културата на оваа земја, да имаат соработка со децата“.

А ова мало девојче е Едлира која живее во Швајцарија, но како што вели душата и е во татковината. Има изведено две песни посветени на печалбата и татковината, а го освои и првото место на меѓународен фестивал.

„Јас сум Едлира Далипи и пеам на албански, живеам во Швајцарија и го освоив првото место на фестивалот“.

Во рамките на ова се подготвува концерт со децата на иселениците кои ќе имаат можност да пеат и да уживаат во одморот во родниот крај.