Градоначалникот на Општина Сарај, Мухамед Елмази, преку објава на социјалните мрежи, информираше дека е исчистена депонијата во Радуша, а на просторот се засадени и садници.
Според Елмази, расчистувањето на депонијата било барање на жителите и едно од ветувањата дадени за време на изборната кампања.
Тој посочи дека целта е просторот да се претвори во чиста и зелена површина за локалната заедница.
