Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Алксандар Николоски, при денешнта посета на Радовиш информираше дека е распишана постапка за избор на проектанска куќа која ќе работи на целокупната докумантација за изградба на експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија.
“Нашата идеја е да се изгради експресен пат кој што ќе оди од Радовиш преку Струмица, па сѐ до Ново Село – граница со Бугарија и на тој начин да имаме уште едно поврзување коешто е автопатско или со експресен пат со Република Бугарија. Во овој момент почната е постапката за избор на куќа која што ќе работи на целокупната документација – од предпроектна документација, преку еколошки студии, социјални студии и физибилити студија“, изјави Николоски
Како што информираше тој, рокот за поднесување на понуди е до 8 октомври. После тоа, Николоски рече дека очекува да биде избран изведувачот, во рок од 6 до 9 месеци да се завршат студиите и после тоа да се оди на тендерирање.
„Она што сакам да кажам е дека ќе одиме со сопствени средства од Јавното претпријатие за државни патишта. ЈПДП е во добра кондиција, има добри приливи на средства и ќе можеме да го градиме овој проект. Така што, еве нека не е ветено, но ако сѐ оди добро и имаме добра постапка за избор, сега прво на консултантска куќа, а после тоа на изведувач, очекувам до есента веќе да ги започнеме градежните активности на терен, што, како што кажав, ќе значи многу. И да напоменам дека нема да одиме само до Струмица, туку ќе одиме до граница со Бугарија” истакна Николоски.
