„Рајанер“ ќе ги поскапи авионските билети поради војната на Блискиот Исток

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Рајанер“ најавува значително зголемување на цените на билетите за летната сезона во 2027 година, поради растот на цената на нафтата како последица на војната на Блискиот Исток.

Извршниот директор на компанијата, Мајкл О’Лири, изјави дека се очекува значително зголемување на цените на билетите, додека „Ryanair“ ги намали и целите за бројот на летови за следната година, со цел да ги намали трошоците за гориво.

Според О’Лири, доколку цената на нафтата се зголеми од околу 80 на 100 долари за барел, трошоците на компанијата за гориво би се зголемиле за околу 25 отсто.

Оваа авиокомпанија веќе пријави пад на нето-добивката од 34 отсто во првиот квартал од фискалната година, на 538 милиони евра, додека оперативните трошоци се зголемиле за 11 отсто.