По повод годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, Градот Скопје организира бесплатна панорамска тура за граѓаните.
Со панорамски автобус и во придружба на професионален туристички водич од Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со Скопје онакво какво што било пред земјотресот, да ги слушнат приказните за објектите кои биле разурнати, како и да дознаат повеќе за местата кои некогаш го обликувале изгледот и духот на градот.
Поаѓањето ќе биде во сабота во 10:00 часот од Порта „Македонија“.
Заинтересираните граѓани можат да се пријават на телефонскиот број: +389 71 250 419.
Преку оваа иницијатива се цели кон зачувување на сеќавањето за историјата на Скопје и нејзино пренесување на идните генерации.
