Додека факултетите и училиштата се празни, рестораните и кафулињата во главниот град се преполни. И покрај препораките на Министерството за здравство да се избегнуваат собирите поради опасноста од ширењето на коронавирусот, сепак граѓаните не си го скратуваат уживањето.
Препораките не ги почитуваат ниту возрасните. Автобуските станици се преполни. Тие велат дека не се плашат од коронавирусот.
Има и такви кои не се ни дезинфицираат а не прифатија ниту ние да им ги дезинфицираме рацете.
И во Тетово состојбата е иста.
„Меки се преземени колку и во другите земји. Не е оправдана хистеријата која што се прави, никој не сака корона да влезе во држава, но кога влезе во Италија и Франција, што останува со Македонија“, велиграѓанин.
Граѓанин: Не, не се плашам.
Новинар: Дали мисите дека се преземени потребните мерки?
Граѓанин: Не, мислам дека не се преземени потребните мерки.
Од друга страна, туристичкиот сектор се жали за претрпени штети од Ковид 19. Претставници на Туристичката комора излегоа со барање до Министерството за економија да се ублажи штетата во туризмот. Едно од барањата е за шест месеци да се намали ДДВ за храна по рестораните од 18% на 5%.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, преку соопштение вели дека ја следи ситуацијата во сите индустриски гранки во земјата и дека е свесен за последиците но во моментов предност има здравјето на граѓаните. Инаку, вчера владата излезе со препораки и дополнителни мерки за корона вирусот кој се прошири во земјата, а за лицата кои не ги почитуваат овие мерки ќе следат санкции.
