Граѓаните од Варош се против изградба на четирикатна зграда – „ја уништува автентичноста на стариот дел на градот“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Група граѓани од Варош и Охрид повторно го кренаа својот глас, барајќи да се стопира изградбата на четирикатницата во заштитеното подрачје, на само неколку чекори од Завод и Музеј. Тие се револтирани што и покрај напорите за заштита на Охрид под УНЕСКО, властите продолжуваат да го кршат законот во стариот дел на градот.

Велат дека институциите се селективни, некои поединци можат да градат високи згради, а некои не смеат ниту да имаат гаражи. Стравуваат дека градбата, која ја нарушува автентичноста, може да предизвика одрони и оштетување на патот од тешка механизација и оштетување на околните куќишта.

Од охридскиот Завод и Музеј, велат дека објектот ги поседува потребните документи за изградба согласно планот за управување со културно наследство.

За жал, ова не е единствениот ваков објект во Варош. Граѓанските активисти посочуваат дека најголем проблем според препораките на УНЕСКО е претераната урбанизација која го деградира градот.