„Расте “ пазарот во пресрет на празникот Курбан Бајрам.
Со приближувањето на празникот, граѓаните започнале со поголеми купувања на пазарите.
Сепак, дел од нив велат дека цените сè уште се високи и тешко можат да ги издржат.
„Воопшто не се намалени цените, напротив, се зголемени. Кој има пари може да купи, кој нема – гледа и си оди“.
„Скапи се моментално за овој стандард, за пензионери како нас со мала пензија, скапо е, не можеш сè да купиш“.
Од друга страна, трговците истакнуваат дека интересот за купување е значително зголемен во споредба со претходните недели. Тие велат дека дел од цените се намалени и очекуваат по празникот да има уште поголем пад.
„Цените се намалени, бидејќи порано беа поскапи, сега се поевтини, за Бајрам малку паднаа. Пред Бајрам беа скапи. Сега ќе паднат уште повеќе по Бајрам, ќе бидат поевтини“
„Цените малку се намалени, за овој празник да. За Велигден не беа толку ниски, сега се подобри. Има повеќе движење и тоа е тоа“.
Инаку, Државниот завод за статистика соопшти дека инфлацијата во Македонија значително расте. Индексот на трошоци на живот во април 2026 во споредба со април 2025 е зголемен за 5,7 проценти, додека индексот на мало се зголемил за 5 проценти.
